отуѓи св.

отуѓи (св.)

По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега Мартин се отуѓи од него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Светот е во него, во неговите мисли и чувствувања, полн и бучен што му ги запленил сите сетила и ги оттуѓил од тоа што е навистина стварно пред неговиот поглед.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога јас ќе зборував за тоа, таа гледаше да го избегне разговорот и ми се чинеше ако бидам упорна ќе се отуѓи и од мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пасквелчаните ја испразниле долината, бргу - набргу, распродавајќи го својот имот, оставајќи зад себе натписи - таблички по нивите што не стасале да ги отуѓат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Српскиот правопис, кого српскиот јазик успешно го одвои од некогашната руско-славјанска мешавина, ќе им го открие и ќе им го омили на Македонците нивниот роден дијалект и ќе ги отуѓи од тешкиот и заплеткан историски правопис со кој се служат Бугарите и како попроста и поуслогодена работа ќе ги разниша кај народот најдлабоките корени на бугарската пропаганда и на бугарската писменост кои Бугарите ја имаат широко распространето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само се чуди како се случило тоа, кои биле нештата што го довеле до тоа, некогаш умен и разборит човек, сосема, сосема да му се подведе на еден дошлак и да се отуѓи од ќерките и сопругата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Господе, си велам, зар и моето дете да не сака да ме види? Наполно се отуѓило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По отуѓувањето на најмладиот волк, глутницата, под команда на навредената волчица, се решила да се одмазди.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој, чувствувајќи дека таа сѐ повеќе се отуѓува од него, та кога ќе седнеа на масата да јадат и кога ќе го почувствуваше присуството на Богдана на масата, ја брецнуваше чинијата со јадење и стануваше да не го чувствува во близина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Под знакот на отуѓувањето, секој божји ден од човечката стварност може да се фалсификува, а позитивистичкиот опис само го чува од заборав тоа отуѓување кое самиот не може да го даде, единствено успева понатаму да го продлабочи така што уште повеќе ќе го преправи и прикрие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Додека Декарт она когито го здоби со отуѓување на телото (перцепцијата, емоциите) од својата суштина, Спиноза тврди спротивно, дека свеста е свест на телото и дека индивидуалната свест и „индивидуалното“ тело се едно нешто, само различно разбрано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакам да се обидам, барем на дел од тие зборови, овде во Маказар, во местото кое, реков, треба да е брана против оттуѓувањето, доказ за трајните вередности на наследството, да им ја вратам одново таа важност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Времето во кое таа се раѓа, израснува и живее и во кое се осмислува како поимска вертикала е време на војни, преселби, страдања и жилави напрегања да се опстои, време на новопоставени граници, трагични дистанцирања, делби, оттуѓувања и конфронтирања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа пукнатини, пукотници испакнат папок, длабок рез.  Ако треба и љубов ќе водиш ќе го одвоиш телото  ќе го осамостоиш - што би се рекло -  ќе се залагаш за самоопределување до отцепување (еуфемија за отуѓување)  ќе се откажеш од независноста ќе се вратиш неколку века назад  никаде, ничија 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе