оцени св.
оцена ж.

оцени (св.)

За да може да се направи порамнување и оценување на различно разбраните народни идеали, треба тие да бидат искажани усно или на книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Според звукот оцени дека завивањето доаѓа некаде откај врвот на Гола Глава, некаде во близината на дедо Ивановата колиба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тешко можат да се набројат скапоценостите во сараите, а уште потешко да се оцени нивната вредност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За оваа приказна, која ја оценија како пропаганда, комунистичка, полицајците три дена ги држеа затворени во амбарите Трпоски, а потоа ги однесоа во општинскиот затвор во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слепите најдобро можат да оценат каков е некој човек, зашто по говорот го мерат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа ние самите да оцениме и да се решиме што ќе правиме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со колку плусови ќе го оцениш во твојот весник овој филм? - ја праша најпосле, страхувајќи да не ми одговори дека филмот е за минус, со што мајка ми ги оценува лошите филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знаев дека ќе дојдеш, - срипа тој, - уште „од одма“ те оценив дека си човек од збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оттука произлегува и двосмисленоста со која преводите се оценуваат во дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И, иако втората позиција има јасно оправдување, потврда - на крајот, битно е едно дело да биде разбирливо, драмата да може да се игра, а поемата да се чита - арогантниот став на критичарите со кој тие оценуваат дали еден превод е добар или не, од чисто монолингвистичка позиција, повторно укажува на неблагодарното место што го зазема преводот vis-a-vis метатекстот (дело изведено од, или што содржи, веќе постоечки текст), каков што е и литературниот критицизам, сам по себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На испитаникот му се сугерира дека во часописот се наоѓаат рубрики и статии коишто тој ќе треба да ги оцени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој можеше добро да оцени и да предвиди што би можело да ја чека Мајка во земјата на живиот сталинизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, колку што можеше да оцени тој, повеќето од луѓето во Воздушниот коридор еден, беа ниски, темно-мурести и грди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Времето минуваше. Дваесет минути, еден час... тешко беше да се оцени. Повторно се слушнаа чизми во ходникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако оцени дека околината е безбедна, ќе го издува носот кога тој ќе тргне кон неа: инаку, ќе треба да помине покрај неа како да не ја познава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оценувајќи го како крајно опасно за интересите на Егзархијата создавањето на револуционерната организација, одговорните егзархиски кругови решиле, без двоумење, со контра акција, уште во почетокот да ја парализираат нејзината дејност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секоја постапка на Катерина ја оценував како последица на длабоката взаемна доверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не се сеќавам за причината, но изгледа разумно постапив кога решив да оставам да поминат повеќе денови пред да оценам дали ќе треба лично да се зафатам со решавањето на положбата во која се најдов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе