оџари св.

оџари (св.)

На разделувањето со Дардаванија, застанат пред триста и триесет и трите илјади играчки, измазнети, нагиздени како за на гости, со очиња оџарени од љубопитство и жед да тргнат по светот каде било, Дедо Мраз измавна со раката, одобри: - Навали народе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Сфати ли најпосле што сакам да речам?“ ми се оџари наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ај, не станувам дури да се развидели - и домаќинката, до мене заспана уште малку да си поспие... си вели Петре - со здив притаен а очи оџарени ја скорива возбудата на она далечно време, кога Ѕвезда, домаќинката негова во големи пости пред Рождество Христово му кажала дека е несама...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)