пазарење ср.

пазарење (ср.)

На пазарот е најубаво да се појде кога тој се отвора, за да го осетиш церемонијалот на првото пазарење, кај било кој од продавачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Настана долга, мачна караница без крај, со викотници, цимолења, солзи, прекори и пазарења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тоа нема да се прифати. Нема веќе пазарење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека се одвиваше ова „пазарење“ таа беше сосема свесна за својата надмоќност, но во исто време и за сопственото одење по жица и можноста да биде откриена нејзината скриена животна страница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури ни Фантастичната петорка не била имуна на безразборност, а само еден поглед во секој каталог за пазарење или за облека за геј-мажи е доволен засекогаш да ја разбие претставата дека геј-мажите нужно имаат во суштина добар вкус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)