пазач м.

пазач (м.)

И сепак, ајде, к’истраеш во век, ќе бидеш пазач на ден и ноќ, стра и трепет ќе сееш со ред, заклучен вулкан со грозна моќ. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот. Co злоба и гордост која може да ја има само средновековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите овие луѓе – пазачите – изгледаа еднакви.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не одморајте, не заспивајте. Бидете будни и на штрек, удвојте ги стражарите, утројте ги доушниците, ѕиркачите и пазачите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овците да се отераат, со луѓе и пазачи, уште пред стасувањето на војската, право кон Белград.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)