палка ж.

палка (ж.)

Виде и стотици милиционери, војници со чудна шарена облека, со големи палки и штитови, како се движат кон паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И заблест полв и пригушени пуканки и лов. И стап - потпирач како голф палка и заблесто топче.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Доаѓам од култура којашто е фалусна, машка, култура на палката, пендрекот и ножот, во зависност од потребата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Милиционерите беа со палки во десните раце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Политички ги сотре очајот и апатијата, а не безбол палките на силеџиите од гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи