паметен прид.

паметен (прид.)

Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Навистина е чуден и редок. А ми се чини - многу паметен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На крајот се донесе паметното решение: да, се прибере Толе во мрежата на Организацијата и да се исползува, како неговата лична храброст, така исто и неговиот легендарен авторитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете зошто прилепското раководство му даде задача на учителот Во с.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
БОРИС: Како се накотивте толку паметни? На ваши години мислевме децата излегуваат од папок. МАТЕЈ: Па од каде излегуваат?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас сум глуп. Професорот е паметен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И паметни и улави, зли и благородни, од сите сорти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Е, тоа што заклучила дека си паметен и воспитан, згрешила, - згрме Мечка со гласот што му мутира заради пубертетот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас сфаќав дека има паметни особини на деловите и има непаметни особини на истите делови.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И во зависност од нивните особини, деловите на светот беа паметни и беа непаметни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Всушност, кога Јан Ван Ајк би сликал и со урина и измет, резултатите би биле исто така генијални, но паметниот Јан ван Ајк и брат му Хјуберт ги користеле своите најдобри можности - и гледај ги тие фантастични ремек дела во кои ингениозноста на шармот се натпреварува со генијалната длабочина на идејниот контекст на тие умови...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој е многу паметен. Учеше долги поеми со само две- три читања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ниту зошто тогаш станав толку паметен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Паметна работа е да се кршат правилата и притоа да се остане жив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти ќе им кажеш на докторите која сум. Дека сум школувана... Паметна... Не сум за овде... Здрава сум!"
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Да, без дозвола, многу си била паметна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како може да не сфати! – ѝ се лутев. – паметна е, а не сфаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да, драга моја Мила, многу е убав, прекрасен е, паметен е, нежен е, незаменлив е овој мој Игбал, ѝ шепнав како да е таа крај мене на килимот. И беше во тој миг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа и не можам да бидам паметна на кого толку многу му згреши“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За това време светот бил прост, ама Итер Петер бил многу паметен.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќе