памети несв.

памети (несв.)

А не беше секогаш така. Јас сум стар паметам.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Луѓето живееја од свои и туѓи неволи и ги паметеа дробните настани, благодарени на судбината што понекогаш ја растерува сивата магла на секојдневието.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Денот клика возбудено: памети ме, памети ме, ко пролетни води твое сум разливање, а ноќта: пополека сѐ да забораваме.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ќе се растуреа секој ан своја страна, ќе го паметеа настанот, ќе молчеа како смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само разбрав дека моите прсти, овие прсти, месје, остро се забоцуваат во топлото, драго место на Жаклин. Бев луд од болка. Тоа е сѐ што паметам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во селото паметат многу чуда - сѐ едно поголемо од другото.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Одамна било. Ако тоа не го памети Савка на Благоја, друг човек нема во селото кој би знаел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кој ќе ги памети сите деца на кои им бил учител?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се шеташе по тесното местенце меѓу сламарниците. - Паметиш ли? Им избегав. - Те фатија, - меланхолично шепна Арсо. - Ќе им се извлечам пак!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Итар е Влаот, - рече Методија. - Паметиш како дојде во селото само со торбе в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој ден обично беше обележен со драгата жетварска песна, со преполни гради од надежи и со ручеци што се паметат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ОБЛАК Се ведне тој над погледот и окото на светот облак голем како чудовиште сал сонот на земјата што го памети што секој час може да се истури во пределот на срцето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И веќе никого не познава за да му прераскаже Колку сонца и колку месечини памети, Отаде кои мориња и луњи и отаде кои боишта и копја Се враќа Веејќи се како црно знаме низ времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Паметам, Велјанице Пармакоска, ѝ велам, како не сум паметела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кога се гине многу, кратко се памети. „Огнот во туѓа рака никогаш не жежи“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами дали паметиш кога ги пеглавме кошулите со наседнување, со налегнување, ми вели Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнувате по малку и да се занесувате, па малку и да не паметите, па за да ја задржите четворката или петката, треба двојно повеќе да седите над книгата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК