памфлет м.

памфлет (м.)

Отворено е широко поле за активност на сите уметници, отворени се сите благородни извори на инспирација, а ти од нив црпиш само фантомски измислици, надуени, пасквили, црно-бели плакати, памфлети, алегории, макар и со лични имиња. Така може секој, така знаат сите!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Објавувајќи ги двата памфлети: Дребулии за еден масакр (1937) и Училиште на лешеви (1938), Селин на некој начин им се приближи на фашистичките политички погледи и стекна голем број непријатели кои никогаш не му ја простија антисемитската жестокост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој процес на постојано менување се применуваше не само врз весниците, туку и врз книгите, периодичниците, памфлетите, постерите, летоците, филмовите, магнетофонските ленти, цртаните филмови, фотографиите - врз секој вид литература или документација што би можел да има некакво политичко или идеолошко значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работната чета на Џулија во Одделот за проза беше ослободена од производството на романи и сега брзо лиферуваше серија памфлети за злосторства.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извештаите, и документите од сите видови, весниците, книгите, памфлетите, филмовите, звучните ленти, фотографиите - сето тоа требаше да биде исправено со брзина на светлина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Појавувајќи се во 17 и 18 век, во европските кафеани и салони, а подоцна и во памфлети, списанија и весници, идеите, медиумите и институциите и практиките кои придонесуваат за „критичко себепромислување и размислување за државата“81, т.е јавната сфера, првично се појавува во исклучивата средина на машките/ буржоаски/бели простори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
6.  Види повеќе во памфлетот на ДСП „Ленка“ по повод Први мај – Меѓународниот ден на трудот; До еден работник – 1ви мај на ливада или на улица?; Скопје, 2011; стр. 8-9.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како можеме да веруваме дека сме значајни во овој сервилен свет. А само сме лајт-мотив за памфлет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Одењето по патот те исполнува. Чекор напред - политички памфлет.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)