паника ж.

паника (ж.)

Огновите и паниката на поротниците, сведоците и глутницата остануваат далеку под мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа нескладниот вриеж на мислите го фрла во бездна, полна со експлозиви и паника.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Немир и паника ги зафаќаше затворениците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дома кај него и меѓу неговите роднини владее паника.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во селото врие паника и страв.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Штом ќе се внесе паника, и ние одовде ќе зафатиме со налети ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Налет да се парите што ги спечаливме, рече во една нервоза, во една паника Анастас, сѐ в џенем нека фати, кога излез одовде ни нема, и почна да купува пијалок, да пие, да ја труе душицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Оставете ме без работа два дена и ќе ме фати паника.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ме обзеде паника. Леле, што сторив!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- О господе, што ти згрешивме... - се крстеа луѓето. - Не кревајте паника, луѓе, - викаше претседателот на фронтот Анаѓија, - Тане не е никаков стручњак...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Имало случаи и обратно: за оние што рекле дека ќе избувнат не избувнале, а создале само паника и несреќи при бегањето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Завладеа страв и паника во селото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со уживање ја замисли неговата паника.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И, како да сум и самиот невидлив, се фаќам за дебелото јаже и се качувам по него кон магли, Огновите и паниката на поротниците сведоците и глутницата остануваат далеку од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тој да се држи во постојана неизвесност и несигурност, во страв и паника".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто имаш криви заби, шашливи очи и бледо блуткава боја? Од страв? Те фаќа паника?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А Али-бег мир немал: само пожари сонувал во сонот, се будел во паника, скокал, викал, бегал.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зафати во селото општа паника, пискање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И во општата тишина внесоа немир и паника.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе