паничи несв.
паница ж.

паничи (несв.)

И тие како и војските, се напаѓаат кришум, подмолно, од заседа; се напаѓаат со опкружување или во редица; се напаѓаат молкум или со гракчеж што заглушува и паничи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пораката е: Биди кул. Не паничи. Хаосот е добар. Хаосот создава неограничени можности.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паничеше пред неизвесноста на здравјето и болеста, а мене упорно ме притискаше главата од тежината на мојата професија која никогаш не успеав да ја утврдам сосема, но која, во тој миг, беше некако необично налик на лекарска...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Почнав да паничам. Можеби викав силно, не се сеќавам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)