папагал м.
папагалски прид.

папагал (м.)

И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Но знам дека сум како бивол без рогови, папагал без крилја, слон без сурла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- На папагалите Гањо, под рака, Македонија ја води на дупење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куќата нејзина исполнета беше со кафези од секакви птици: канаринци, папагали, жолњи, билбили, колибри, сипки, кралчиња, чучулиги.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од возбуденост дома бараше - маче, кутре, папагал, канаринче, верверичка, морско глувче, желка - сѐ што видела таму - дури и спитомена страчка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сите овие тројца се папагали, кои, чувствував дека ќе се налутам, имитирајќи некој илузорен канаринец, кој всушност никаде го нема!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога отвори, Ѓорѓија беше толку збунет што само се насмевна и како папагал го изрецитира текстот што го беше вежбал претходно: ѝ рече дека тој е соседот отспротива, дека испекол колачи и дека сакал да ѝ ги даде да ги проба, ете, како на нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Меѓу остатоците од црешите пресадени тука од зад девет мориња белиот папагал понекогаш ќе проголта и некое купче исушени зборови, без јатки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Белиот папагал пак едностојно си колва - троа од минатото, троа од иднината, троа остатоци од ѕвездите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Забраната беше строга и даваше на знаење дека никој од присутните ергени во кино салата не може да ќари девојка по традиционалниот проверен метод - со помош на книжен фишек наполнет со храна за папагали.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според тоа колку го знаат мајчиниот јазик, а колку англискиот, излегува дека на нашиве млади дудуци им престои блескава кариера како папагали.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК