паразит м.
паразитски прид.

паразит (м.)

Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
(212) Така функционира досадата, како болно опсесивен паразит на телефонската мозочна линија која нѐ поврзува со животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Маргина“ (= Темплум) е паразит врз големото тело на Сорос- чудовиштето кое (питомо, неспретно, чудесновишно, промислено, обои по желба) чекори кон некаква си идеалистичка анаформоза од утопија, гибсоновски наречена дистопија или бодријаровски: скиомахија (борба со сенка).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Ебате беља! Што ли сме направиле кутро девојче за да изродиме ваков паразит? за сто души изопачен!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со една вешта манипулација Граси всушност свесно го напипува пулсот и ги присилува граѓаните да си ја објаснат дилемата пред која тој ги постава, дали ќе му дадат пари на плачливиот уметник кој попрво е паразит, отколку продуктивен член на општествениот ланец на прехрана.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ја проповедаа кралевите и аристократијата, но и нивните паразити, како што се свештенството, адвокатите и слични на нив, а беше ублажувана со ветувања за надомест во измислениот живот од другата страна на гробот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Четвртата категорија им припаѓа на старата гарда, односно на геријатријата и паразитите во општеството кои со разноразни мижибутај протекции се дочепале до борилачки или лажни инвалидски пензии.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Некој непознат паразит, некоја ларва, габа, што ли...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие се паразити кои се прилепуваат како пијавици за нечиј грб.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Инаку, шугата е заразна кожна болест што се пренесува со допир, а ја произведува паразитот „Шугарец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше свесен дека дома, во очите на Ружа е паразит - зависен од нејзината милостина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш момчето, ставајќи ги двете раце покрај устата, како пред микрофон, силно извика за да го слушнат и другите: Ајде, стари паразити, излезете со нас на доброволна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште ли спиете, стари паразити, додека ние работиме? рече момчето со титовка на чело од колоната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главната теза во дописот на Аполинер беше дека Германците залудно се бореле против француските зборови во германскиот јазик, сметајќи ги за бесполезни паразити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)