парализиран прид.

парализиран (прид.)

Во едно широко шише имаше камфор, жолтеникаво густ; си заби себеси шприц во раката - се распалија дивите струи, некоја дива енергија ја тргна раката на парализираниот човек наназад, па угоре, тој му ги наби лактите в гради.
„Маргина бр. 36“ (1997)
На лакотот! Падна на коленици речиси парализиран, држејќи го лакотот со другата рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За миг беше парализиран од еден вид хистерија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градот остана речиси парализиран.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се увери дека сите затворенички спијат, болничарката се доближи до креветот на Марија и ѝ шепотеше во увото бесрамни нежности, додека ѝ ги бакнуваше лицето, вратот напнат од страв, здрвените раце, парализираните нозе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нозете одвај ги влечев, како парализирана бев.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК