пара (несв.)

Зборовите параа срце на тие што таму собрани беа, а само утехата стои пред кутрата мајка ко стена, болката неа ја скрши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Лицето на Кузмана се црвеше; стенкаше како да ќе пукне под стискањето на брадестиот бездомник, а пукаше палтото на овој, другиов, како некој однатре со нож да го пара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дури Доста го сопаша појасот, го одврза гушалчето, ги разлабави врвците на чорапите и на калците, борината догоре и едвај бледи зраци ја параа црната темница во земникот на Сукалови.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога почна „попчето" да зборува, уште првите зборови почнаа да ѝ ја параат душата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Сега потемнував од бес. Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Немој, мале, срцето да ми го параш. Јас не можа вака да ве гледам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, фудул Митро, мори, При твојата мака... Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Плачењето што идеше од куќата го параше како со нож.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Морам да прекинам. Пискливиот глас на водникот ја пара утринската тишина. Одиме во напад...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми даваат кинин да јадам и се парам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им помогнам од една глутница да станат две, да ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Малку и се карале, со извици срца си парале: „Снегот е бел!“ „Не, снегот е црн!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гласот на Дине никогаш немал толку оган во себе, пак предупредува Ако не разбирате од лаф тогаш оваа штица подобро зборува! и се чуја удирања што ја параа ноќта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ се одвиваше бргу, со викање, со силни пресилни болки, се кинеше небото, се параше сводот молчаливата ноќ...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Музиката го параше просторот, звукот на виолината завиваше очајно...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Знам дека сѐ е лага и како казна ме параше вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршени се солзите после тие груби зборови кои ја параат тишината, но можеби времето ќе ги избрише сите грди лузни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи