паричка ж.

паричка (ж.)

Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И работата се стори. Си остана Билјарот без парички!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
А штом човек тамаше по тоа време парички, другото се беше лесно, особено попењето.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Му се услади кога виде како без многу мака паричките му се зголемуваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под неговите прсти зашушка копнеж, паричка со лик на рудар - ударник. „Силен си, Мироне“, рече Отец Симеон. „Имаш душа мирислива како селска ливада.“ Илјадаркава ќе ти ја вратам кога ќе добијам на лотарија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со што може да се купи сиот свет Во една рака Зоки стега две парички, а со другата ја држи Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зоки ги подава двете парички и вели: - Чичко, сакам да го купам сиот свет. За Лидија. - Како? – прашува продавачот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш", како ги викаше тој своите подвизи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе видиме откако ќе се поовешчиш и ти како мене. — Заврши Јован и си стави задача да се послужи со Толевите парички бидејќи беше „танок" од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Без паричка земената стока евтино се продава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Светкаат ко свртени метални парички и го пропуштаат сонцето кон нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му ги собрале парталите и оние неколку парички што му ги дале добри луѓе за душа на своите мртви, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој со кутија што чкрапнуваше, додека во раката му тутнуваа паричка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И тоа беше подарок од автопатот. Едно попладне му се дотркала во нивата како фрлена паричка, тркалест и блескав.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не беше вистинско кафе, беше направено од некои бобинки што растеа на лединките над градот и се продаваше за паричка по филџан, колку да им ги згрее утробите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Добрите епиграми во Александрија ги собирале како ретки парички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа се странски парички. Повеќе вредат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи