паркиран прид.
паркира св. и несв.

паркиран (прид.)

Паркиран автобус на последна станица. Шоферот го нема.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Само за миг, а потоа убавата насмеана невеста го прегрна и го бакна човекот на скалите од катедралата и за рака со зетот, исто така насмеан и убав, потрчаа покрај него кон паркираните автомобили.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Возачот Бешир конечно го нема. Ситуацијата е сигурно критична, ме предупредува Гзиме испраќајќи ме со децата кон споредната порта на резиденцијата, каде што е обично паркиран темно-синиот мерцедес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се огледа на прозорецот од еден паркиран автомобил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На споредната улица мала, недамна градена куќарка. На тротоаторот паркиран мерцедес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред командата во Видехова стоеше паркираниот џип. Моторот тивко работеше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)