пароксизам м.

пароксизам (м.)

Овде беше на виделина пароксизмот на албанскиот атеизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беа мигови на силна, метафизичка слабост кога душевната болка го достигнува својот пароксизам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пароксизмот на сталинистичката гротеска ми беше приреден токму во родниот град, при самото минување на истата граница која, пред триесет и седум години, во времето на фашизмот, ја минавме тајно, низ Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)