пастир м.
пастирски прид.

пастир (м.)

Останаа ниви без орачи, стада без пастири.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кој народ да се буни, велам јас, ова е стадо без пастир, кај ќе го потераш таму ќе оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Хрисостом беше духовник и пастир од истиот ков.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)