патина ж.

патина (ж.)

Сѐ е заобиколено во ѕидиштата, сѐ е обвиено во патина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
не ги слушав и ги заборавив уште пред да видам дека ме сметаат за варвар: во мрак, оној што во таквите продавници секогаш лежи на одредено место како задолжителен дел на општата патина, здогледав женски портрет, масло на платно со размери, слободно проценети, 45 x 60, и останав нем и уште еднаш како во онаа декемвриска ноќ облеан однатре со течно олово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Куќата целата во темнозеленикава патина, отворена со чардакот спрема реката, со дрвени скали и опкови околу стреата, па светлината од југозападот и гласот на реката создаваа една таинствена атмосфера која во мене се претвораше во едно мило спокојство.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Верувам дека изгледаат како да имаат патина од некое минато време.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка заспиваше често со жолтата светлина на ламбата чија патина се разлеваше низ страниците на Татковите книги, кога сонот ја префрлуваше во нови времиња, во Татковата близина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ла Ринашенте на нејзиниот живот. Со време, оваа книга ја добиваше патината на светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Под рака се чувствува косата рамнина и меката патина на покривите, нежните пори на асфалтот, високо исправените опаши на мачорите. ’Дррр-вооо’, изговараш галејќи ја распуканата кора на јаболкницата во дворот, восхитувајќи се на совршеното разгранување на растението и на неговиот еквивалент во зборот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Другите пак, со патината на мастилото врз нив останаа необјавени до овој миг, кога дополнети и допишани со новите стихови му се нудат на читателот на поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тоа може да биде крастава жаба - не таква жаба што се заглавуваше во челустите на змиите од градината, туку огромна крастава жаба со патина на рабовите од нејзиното бронзено тело, вечно крастава жаба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Масата пред мене беше четвртаста, во средината излижана, со видлива патина по нерамномерно зачуваната маслинеста боја на површината на која се шеташе отсјај на една од неонките на плафонот распоредени во два паралелни реда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)