патријархален прид.

патријархален (прид.)

Посткомунистичките жени исто така се соочуваат со прашањето дали конзервативните трендови во однос на жените во посткомунизмот се израз на еден патријархален културен систем кој му претходеше на комунизмот но беше држен под контрола од страна на марксистичкиот систем, или дали тие се резултат на самиот марксистички систем.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Класната формација внатре во националниот организам би значела будење на оние непомирливи спротивставености внатре неговата свест на патријархален маж- војник, коишто тој еднаш ги закрпил со „херојскиот принцип”.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Она во што нѐ смести нашата патријархална доминанта и историската околност веќе не е процес, а хероите на сите наши борби станале мраморни статуи.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Распојасани поими, стигматизирана и со кус здив метафорика, идеологизирана сфера на логотетство... тоа е „формата” на нашето јавно мнение, наметната и секогаш наметнувана со политичката сила на авторитарните смени меѓу мрачните патријархални позиција и „опозиција”.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Твојот џез ти го одзел дури и патријархалниот морал, те разобличил; ти не знаеш што говориш“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
XXI Невестата Ервехе, со питомината, со тивкоста која ѝ беше речиси вродена, влегуваше во еден патријархален свет кој беше речиси непознат во нејзиното семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко добро знаеше на какви маки беше изложена Мајка, во новото семејство, во патријархалната заедница, со свекрва, со јатрви и со многу други.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И обајцата, како да имале некаков историски долг да се влеат во патријархалната тврдина, да си имаат во неа заедничко одајче, како во кула, од кое ќе го гледаат ограничениот бескрај на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко потоа се задржа на турски заемки од роднинската терминологија кои и денес се во употреба во балканските јазици, коишто посебно се должат на заедничката патријархална традиција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК