пафта ж.
павта несв.

пафта (ж.)

По синџирот дојде окопецот пафти, сколци и други решме направи од сребрени петодинарки и турски бели меџудии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На појасот таа имаше пафта, на која од задната страна ѝ се гледаа три плоснати јамки, со кои пафтата се зацврстуваше за коланот: коланот пак беше составен од кружни и четврстести парчиња исшарани со цветови и лисја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На неа видов пафти сребрени, пари од разни времиња и владетели и вез рачно везен со црвен конец на бело платно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ете, Кузе, пред Господ и Богородица ти давам... – ја отвори кутијата и почна да брои: сто и дваесет и две лири, седумдесет и осум наполеони, три златни белезгии, три златни шердани, четири сребрени пафти, еден сребрен колан, шест златни прстени...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)