пача (ж.)

Солунчани јадат и сркаат пача и дење и ноќе со голем апетит.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И главната улица има вакви гостилници и по сè личи дека пачата е солунски специјалитет, зашто, велат, не се приготвува во други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун мириса на пача, на шкембе чорби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Од нозете ќе правите ли пача? - Не. - А од ушите? - Не.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Што си толку против свињи?! А месото? А мавцата? А џимиринките? А пачата?“ набројуваше Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не дај боже Јоже да се врати љута е Јованка скупо ќе му плати со пензија мала ја остави сама да трпи за леб и посебна салама Таман се посрав, седнав на пача ми текна на вториот Тито од Псача ги мразев и двата, се сетив сетне го пуштив на цеде Тито Пуенте
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)