па (чест.)

Кога ќе се налутеа на нас и ќе нѐ наречеа тврдоглави Бугари, ние пак ќе речевме: Е па така си е: вистина, христијани сме, ама не сме образовани како Грците!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕОДОС: Нејќе овде па, па, туку треба ум и очи отворени!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Плахо се приближи до столчето и седна на крај, не осмелувајќи се да рече ни збор. – Па што има ново? Работата – врви !
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Па, како тогаш ќе го освоиме знамето?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сакаме на каналот, па не знаеме откај се оди, - одговори бргу Беличот. – Чичо, да не знаеш да ли одовде е поблизу?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да а кандисаме за преку рид па да видиш каков пријател имаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Па што ме учиш?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Па и да ми кажете, - рече, - никого не познавам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога најпосле дојде до збор, само присторе: - Па луѓе сме, чорбаџи, грешиме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
19. ЗАБОТ ГО БОЛИ, ПА КРИВЕ - некои свират на тенка жица, тие што биле на концерт нивен добиле маски за сентиш лица...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А мене ми игра окото. Тогаш па, Горица, од Уља, јатрва ми, менуваше заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тоа подзапре, се сврте и рече: - Па, нели сме Б’лгари?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после кажува Витомир, по Витомира пак јас, тој, јас, тој, јас, се менуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Па, Горачинов, велам, малку е и ѓубре да речеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Па тоа е само така, вели, како „разбираш“, „ме разбирате“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Па, таму немаше мачки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Е па, ти побарај татко ти да те научи!“ се налути Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некој ѕвони, „кој е па овој сега?“, го навлекува џемперот врз маицата, се искашлува, ја отвора вратата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе