педигре ср.

педигре (ср.)

Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луд народ. Без педигрее. Без крв. Без сина крв, мислам.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кое литературно братство на светот може да се пофали со вакво антикомунистичко педигре? Треба да се биде горд!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според педигрето и потеклото, според сличното или различното?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
„Зошто и глупостите да немаат педигре?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Азра – курвиче со педигре, потекло: нејасно, малолетна, статус нерешен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Педигри пал Како кутре ти се пикам под мишка.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)