пензионер (м.)

Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пензионерот потстанува да ја поздрави убавата жена што минува крај него, со внучката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отсекогаш ме фасцинираше физичката и душевната разнообразност на пријателите на татко ми: и флегматични дебелковци, и борбени џинки, и штрклести осаменици, и кротки и црвулици, дрдорковци и молчаливци, фрустрирани интелектуалци и славољубивци, момчаци и пензионери. Факт е – сите се дружеа со него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најлош и најопасен беше волчјакот од воениот пензионер, кој кога одеше во болница на лечење, го оставаше кучето по неколку дена во Пансионот додека излезеше од болницата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пензионерите раскажуваа како одвај ја преживеале битката на Марица и сега имаат проблеми со простатата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Беа на вечерната прошетка, од нивниот хотел до влезот на населбата, сѐ покрај брегот, по патеката мештаните што ја викаа слоновска, бидејќи по неа шетаа заслужните пензионери додека за возила беше забранета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Иако овој закон во прв ред ги засега работниците кои го завршиле својот работен век и станале пензионери, и, се разбира, сите работници како идни пензионери, со него се регулираат и важни прашања кои ги засегаат работниците токму како работници и тоа е причината зошто ја вклучивме анализата на овој закон во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од ова ангажирање се изземени само корисниците на социјална парична помош кои се пензионери, лица неспособни за работа поради старост, инвалидност или болест, лица во работен однос, ученици и студенти.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тие до коска го цицаат општеството во кое односот на вработен спрема пензионер е 1 према 10.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тука пред сѐ спаѓаат лешинарите пензионери кои имаат по 70 години, а вредно се бореле у другиот Светски рат тастирајќи ги вистинските борци кои воедно и загинале, а за тоа биле наградени од државата со нивните борилачки пензии кои изнесуваат колку 2 просечни плати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
До сега, како што изјавува овој сегашен пензионер, ниту еден самонаречен синдикален лидер во РМ не им излегол во пресрет на работниците, и наместо за 1ви Мај синдикалните лидери да организираат протести и да се борат за подобрување на положбата на работниците, тие „играат ора на градскиот плоштад“. 163 1.  Интервјуто го водеше Сашо Карапанчев, на 13.III.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ептен дека си ти, инаку ќе одев со автобус. Најдобри другари ми се пензионерите“. Мојот другар Баци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)