пензионирање ср.

пензионирање (ср.)

Ваквата ситуација продолжува сѐ до 2005, кога 264 почнуваат да важат новите законски решенија од трудовоправната сфера, со што границата за пензионирање се помести за цели четири години (од 60 на 64 за мажи) и воедно се помести и правото за добивање надомест до пензија, во случај работникот да биде прогласен за „технолошки вишок“ а има одреден број години работен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Условите за добивање на оваа субвенција е кај работодавачите да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време три месеци пред денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање, на вработеното лице да му се исплатува најмалку минимална плата утврдена со закон за полно работно време, обврска да се задржи на работа ова лице уште две години по завршувањето на периодот на субвенционирањето, кој пак исто така изнесува две години од денот на стапувањето на работа на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)