пенушка ж.

пенушка (ж.)

Прилегаше на пенушка од некое исечено дрво, а на сите страни му се простираа пипалки како корења.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пенушка - мртва опомена дека јаките стебла немаат отпор за се.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега по толку време, во еден полусон, во темна непроветрена соба, пред болката на еден памучен палјачо, многу повеќе жив отколку восочните анатомисти на Рембрант, се сети дека убиениот го закопа крај патот недалеку од она што не беше ни глог ни камен туку пенушка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Недалеко од нив потпрен е на пенушка, црна и згрчена како ѕвер, книговодителот Стојан. Тој е потпрен в ноќ и во мисли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Петко се врти кон пенушката. Задоволен е што знае повеќе од другите и расположен е да објаснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Какво дрво. Што? Пенушка, млад глог, камен?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпрво се спогодуваа со некаков арабаџија, жилава пенушка со исламско спокојство во очите и мислеа дека се ќе е како што бараше Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не се зачудил: пред него стоеле најздравите и најрешителни кукулинчани, пенушки без нозе и со невидливи раце-гранки; зли биле, значајно мавтале со главите што не се држеле на ништо туку виселе на конци од магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како подарок донесоа дел од гнила пенушка и се згуснаа околу огнот. Наеднаш стана потопло и пошумно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И пенушка гнила ќе може да сфати – насекаде само крадци и гранати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Да одиме, - стана Пишпирик од пенушката на која седеше. – Ако побрзаме, зимата ќе ја минеме сити.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еден дел од бавчата одзади куќата некогаш беше бил лозје и дури и денес тука излегуваа лози од старите пенушки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе речеше: „Два волка заклале срна на левиот брег на реката Ломиа, а од нејзината последна издишка се овие светликави пенушки врз далгите.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Има една грмушка и една пенушка има, срцето ќе те одведе мракот ќе те приспие, и има мугра сина безшумно што доаѓа усните да ти ги навлажи со надеж и со роса.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Продолжи да оди. Пенушките од брест, што беа откорнати од теренот и со булдожер беа турнати во купишта од безредие со корењата црни како јаглен кренати нагоре под чудни агли, му изгледаа стравотни и го потсетија на надуените мртви тела испечени од сонце, што ги имаше видено на северно-африканските бојни полиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК