пепелиште ср.

пепелиште (ср.)

За нив остана зад него неговото пепелиште, еднаш засекогаш крстено заборав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И луди ветришта само пеплишта носеа ги трупаа едно над друго едно до друго од сите векови повисоко ридови израсна камен гол црн камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во неговите пепелишта ќе згинат нашите тела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Му ја истури крвта во пеплиштето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во пеплиштето потоа, во рамките на поцрнетите ѕидишта со ископани очи-прозорци, ни власта ни селаните не најдоа човечки коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Цела Москва ја покри со пеплиште и со саѓи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога селаните го осетиле огнот и отишле да видат, нашле само пеплиште од кое после ги присобрале коските и во еден гроб ги закопале при влезот на црквата, така подзастануваше и се прекрстуваше пред гробот на семејството на Герман Љушков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така беше: под наморничавената кожа на грбот чувствував оган од кој под плешките остануваше пеплиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Куќите урнатини и пеплишта пеплосани ќе ни ги сторат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК