перипетија ж.

перипетија (ж.)

Доста е јасно дека сите студентски судири (како и пошироко, на нивото на глобалното општество) околу претставништвото, делегациите на власта, од истата причина, сега сѐ уште само фантомски перипетии кои се, меѓутоа, сѐ уште доволни, од очајание, да го заземат првиот план.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доволно е да се оди со нив по градот за да се изродат секакви перипетии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Искушението станува големо за читателот: дали да се впушти во имагинацијата на еден автор, како и во перипетиите кога го водат во 1979 година во сталинистичка Албанија, на возраст од триесет и шест години, во составот на една културна делегација од Македонија?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По речиси три години подготовки и перипетии, гемиџиите биле готови за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По големи перипетии, лишувања, страдања, пржени од несносното сонце, жедни, некои болни, на 6 август пристигнале во Мурзук, најголема населба во областа Фезан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но перипетиите на вашето писмо не запираат тука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но сепак, и покрај сите перипетии, како што наведува уредникот на оваа студија – нашите работници знаеле да се одважат, да кренат глава и да организираат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Играњето фудбал со аглите на мојата самоисповест, не претставува проблем. Напротив, создава перипетија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)