периферија ж.

периферија (ж.)

Од секаде од периферијата на Душановата Империја по неговата смрт отпаѓаат областите една по една.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш лутав по темнината на градската периферија и ги плашев припиените сенки на вљубените девојки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тоа што не беше ни занимливо ни ново, вака изгледаше; долга, тесна улица на периферија, со стари, еднолични куќи во два реда, разделени со груба калдрма.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сета улица знаеше дека татко му на Цанета, кларот Дојчин, по вторпат се ожени за една вдовица од периферијата Крњево и таа му донесе со она малку покуќнина и половина дузина деца, меѓу кои и Ганка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И пак сѐ се смири. Периферијата се затвори во својот оклоп заедно со стравот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти мало работничко курвиче. Враќај се назад на својата периферија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Разбрав од моите познати дека овие гробишта се наоѓаат во парискиот реон Клиши, на еден од јазлите, каде што Париз се врзува со „Булеварот на перифериите“ а од каде што се одделуваат автострадите на сите правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оттогаш започнуваат моите вечери во вашиот дом, зелената куќа со широки прозорци на периферијата на Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се израмнил со бедата на градската периферија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Штом е дадено нејзиното постоење, нејзината иредуцибилност е тривијално следство на нашите дефинициони практики.“ (стр. 124) Главните структурни одлики на нормалната, секојдневна свест споменати од Серл, се состојат од следната дузина: конечни модалитети, единство, интенционалност, субјективно чувство, врската помеѓу свеста и интенционалноста, фокус-позадина, гешталт структура на свесно искуство, аспектот на фамилијарноста, зголемувањето, центарот и периферијата, граничните услови, духовитоста, димензијата на задоволство/незадоволство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ме одведе на периферијата, и јас, штом слеговме од автобусот, видов дека во градот гостува циркус.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Авторот ќе го послуша пријателот и ќе почне да ги раселува Ишињата по периферијата на градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога тргнавме, беше приквечер. Застанавме во некое дуќанче на периферија на градот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седнуваш во својата нова кола, возиш на периферијата на градот, по час и половина паркираш и влегуваш во скромната џамија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Како такви, овие периферии ни нудат слободен увид во природата на центрите на моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не е слепо црево зафрлено на приграничната периферија, туку широко отворена порта и осветлен канал низ кој дење и ноќе се претура синџир од камиони, автобуси, патнички коли, отворена артерија која води кон светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На периферијата на градот, опкружена со високи борови, во заборав стои некогашната италијанска двокатна болница во која спас од раните најдоа илјадници македонски и грчки момчиња и моми, борци на Демократската армија Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе