петица ж.

петица (ж.)

Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Петиците на неговите чизми се искривија, лицето му се збрчка, сјајот на копчињата под виснатите веѓи изгасна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И кога не сакам да сум тоа, тоа сум. Кловн. Од глава до петици кловн.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Биеја поткованите петици на погонувачите. Сега сум сам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И влечејќи го за уво појде кон Гавранот удирајќи страшно со петиците по тврдата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледот му одеше по искинатите алишта на Митрета; го мереше од глава до петици.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наметнат со долга гуна, што му се спушташе до петиците, стоеше пред него Гоце и го гледаше со својот огнен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стаклата на очилата на другиот мртовец закрцкаа под неговите петици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Сенкичка мила! - слушна пак Арсо. Човекот се заврте на петици и се нафрли на стомната.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се чинеше, за сето време, дека ги слуша зад себе и оние тупи скокови, тие пуфтаа веднаш зад него, му беа в петици, бегаше пред нив, со последната душа во носот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Да, доброчинителе. - Намачкај ги петиците со лепило и застани на стапалките на сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Јас смислував сешто. Да ја врзам сенката за Карамба-Барамба, дури и да ја сошијам со игла и конец за неговите петици.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Имаш ли брашно? - Имам. - Измешај го брашното со вода и намачкај ги петиците. Тоа е лепило.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги изгледа двајцата од главата до петиците. Рече: - Лајна низаедни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јован го зеде кафето од дизгот и го изгледа Катето од глава до петици. Убавко му се виде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
(Ја врзува со долго црно јаже, од глава до петици, како мумија.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе