петка (ж.)

На крај, кога ќе ги исцрпеше сите прашања, жалосно ќе затресеше со глава. - Седни. Петка од сѐ. Единица само од предметов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Добија сила и кураж за одбрана. Везирот седна на својот стол и го повика поп Димитрија, најстариот меѓу сужните – Васила, Петка и Анѓа пред него да му ја кажат историјата за нивното праќање дури во Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја фатив за рачето и ја седнав на колено. - Тато, - ми вели сосем тивко таа, - денес навистина добив петка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Петка! - се чудам јас. - Па зошто не ми кажеш?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си доаѓа Билјана од училиште, јас ја гледам и очекувам да го чујам она нејзино: „Денес за малку ќе добиев петка, ама...“ но таа молчи. Да, да, молчи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка му не покажа чудење, иако тоа беа првите петки што ги имаше добиено Трајче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Почнувате по малку и да се занесувате, па малку и да не паметите, па за да ја задржите четворката или петката, треба двојно повеќе да седите над книгата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се држиме за раце, ко ученички што добиле петка и цел пат се подмочнуваме од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го прочитав составот пред сите и добив чиста петка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Следниот ден, еден ден пред доделувањето на дипломите (имав единаесет петки и една четворка, се разбира, по физичко образование), ме свикаа по телефон во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен храната и искачањето, она што останало као поим за квалитет се и кондурите од Пеко што се носат по 15 години, оделата Мура, делотворниот Лексилиум, Рашица џемпери, чорапи 5 за 100, сендвич ѕид со петка тервол, мушки гаќи 3 за 100...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ете на што се сведува идентитетот на гостинот, шифра на потрошувачка ниша, проста маса, кафански бар код. Јас - петката, со лаптопот наместо пријател.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во полноќта дојдоа три жени.. Првата св. Петка Римјанка Втората Св. Петка Иконија Третата Св. Петка Епиватска (ПЕТКОВ ДЕН) сите во петок родени, ден запишан ден запамтен...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Радица го немаше тој проблем. Имаше од поодамна јасно поставена цел, а закачените петки беа резултат на нејзиниот претходно вложен труд.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК