петолиние ср.

петолиние (ср.)

Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во вагоните ширум отворени триста добро виносани музичари ја раскинуваат атмосферата со по четириесет и пет петолинија одеднаш...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)