петпати прил.

петпати (прил.)

А зошто да го плаќаме двапати, трипати, петпати?...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако петпати поголем е од мене, верувам дека ќе го скротам!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога ќе стапи Јасер Арафат на чело на Организацијата за Ослободување на Палестина, во февруари 1969 година, Махмуд Дарвиш ќе биде петпати затворан во периодот од 1961 до 1967 година, ќе ги поврзе заедничкиот идеал да ја создадат слободна Палестина со нивната револуција која би била катализатор на арапското единство и не обратно (како што сакаа арапските режими).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така секогаш натаму со стар, наваму со нов велосипед и ќарот три и петпати поголем.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК