пиле (ср.)

Пред свадбата девојките, затворени ко пилци, сред мечтите се носат рој. Нив бог ги гледа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом татко ти загина, сабјата твоја повторно ја прероди Река ко пиле што пиштела в орлови нокти, во која Гега ја навредил сека домакинска куќа...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, бре стрико, што беше била клетвата лоша, им рекол Силјан, татко ми кажуваше за две пилиња што се кај нас в поле, едното го викаат Сиве, а другото Чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Почнува да пее болно како нешто од срцето да му се кине): Пилето пее, на пат ќе одам, на пат ќе одам, туѓа туѓина!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите — опинците.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Е, ај, како пиле, така здрави и живи биле, а најмногу да си здрав и жив ти, куме Давадосе! (Пие, и дава на Петрија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сонце светло ми светеше гора ми се зеленеше в гора пиле песна пее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Пилците пеат - ти плачеш, сонцето грее - ти темнеш.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мејанџи море, мејанџи, Донеси вино, ракија, Да пијам да се опијам На бели гради да заспијам Стамено, Стамено, Де гиди, пиле шарено
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Пилиња пеат – во китна гора, и орач рано – на нива ора,- се зори зора ...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Има итри и умни пилиња. Ластовичките, кога бегаат наесен преку море, не можејќи да ја прелетаат водата, се качуваат на кораби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама за ѕверот - мечката или рисот... Земи ги пилињава шумски.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Седиш овде и чекаш пилиња божји со барут да ги изгориш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие не им веруваа: - да имаш две кутренца речиси во центарот на градот каде што не може ни пиле да се чува, - е, тоа е неверојатно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК