пион (м.)

Фигурите тропаат, судирајќи се – коњот со кралицата, топот со пионот, во испрекинатиот од по црно-белата табла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кикотот на јатото црни пиони, што меѓусебно се скокоткаат гледајќи во кралицата со надуениот мев, ме бутка кон најистурениот агол на таблата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Обичен пион во нечии раце.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Навистина помислив дека настојува да ме деконцентрира во партијата бидејќи бев со впечаток дека моите фигури се поактивни од неговите а бев освоил и едеен пион.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во животот неколкупати сум играл шах и сум бил искористуван пион, но во последно време решив да бидам само набљудувач од страна и воајерски да посматрам. Така се осеќам послободно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пионите секогаш се жртви на почетокот, за разлика од ловците, топовите и коњите, кои се дел од вториот ешалон покорни на Кралот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во таа шаховска табла 50 проценти од фигурите се пиони секогаш истурени напред и жртвувани од своите налогодавачи кои се наоѓаат позади нив и се чуваат за завршната битка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сè беше конфузно во сплетот од околности во кој сите ние бевме само неми пиони во рацете на оној што ја водеше играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Покрај кралевите, во играта учествувале слонови, коњи, коли (топови) и четири пиони во следниве четири различни бои: црна, зелена, жолта, црвена (заб. на ред.).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ништо не знае, како пион во партија дама што ја завршува партијата, а не ни насетува. Пионот Луис Марија, покрај својата кралица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК