пипер (м.)

КОТЕ: Маро мор, немаш некое пиперче туршија за мезе?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Кате, донеси ни со Котета и со Пандета по едно палено пиперче да се излутиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Врви Богдан Шишев од Витолишча за на пазар во Прилеп, а Стале од под дабот му нарачува: — Пак, земи Боше, печес везаници кромид, лук, некоа ока киселина, шеќер, пипер, шајки, резиња, риби, маслинки...
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Мажите ќе ораат, жените грутките ќе ги кршат, бавчите ќе ги прекопуваат, ќе садат грав, лук, кромид, пипер, зелки .. .
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Го видел ли некого во пиперот, ќе дојде ќе им каже и ќе добие нешто од тета Доста.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Наведната над пиперот, мајка му береше пиперки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче, занесен го слушаше гргорењето, гледаше во бистрата студена водичка, јадеше од лепчето и пиперчињата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таму, во мал заграден простор се садеше грав, пипер, праз, зелка, домати, сѐ што можеше да вирее на ова место, сѐ што беше потребно за едно пристојно поминување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си повечераа леб и пипер, размешана со вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барав некое крчмиче, како кај нас, со шишенце ракија и мезе од домати и краставички и лути пиперчиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разгледувам: во гумното е изметено, чисто. Пипер да макаш на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само очите му се зголемуваат, му се поткривуваат и му светат. Пипер му мелат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа Доксим, мажот ми, ме тера да го навадам пиперот дури не стегнало сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чомлекот, на пример; редовницата уште одвечер ќе го наполни грнецот со дробенки од гоедско месо, само удина, ќе стави многу кромид, цел грст налупени чешниња лук, една рака суви везени пиперки, црна пипер, сол, две-три дрвени лајци сало и ќе го поклопи; околу наоколу поклопот убаво ќе го залепи со тесто за грнецот, за да не туши, и така спремениот грнец ќе го намести на огниште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Ај, не фрлај ми пипер на ранава...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи