пирамидален прид.

пирамидален (прид.)

Срцето му затрепери пред огромната пирамидална форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше една огромна пирамидална градба од блескаво бел цемент што се издигаше, тераса по тераса, триста метри во височина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Насекаде е истата пирамидална структура, истото обожување на полубожествениот водач, истата економска егзистенција од и за постојаната војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму каде што седиш, можеше најинтензивно да ја мирисаш плимата на цутењето: во април, лилавиот и белиот јоргован, во мај, дивиот костен со пирамидалните цветови, дивата маслина и јасминот бел, во јуни, липата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можеш ли да му ја поматиш верноста кон земното, додавајќи знак по знак откривајќи ги срамните делови на твојот систем загадочниот метод небесниот свод- дом за да може да оди по истиот пат и да стига до истата цел човекот, оној кој над црната точка стрепи по сличното, од различното стрепи спојува еден со друг: еден и еден, два со два, седумдесетидва името го дели на четири елементи – I.H.V.H. тетраграматонот го врти, го враќа ред по ред реди вистината на скрбта ја учи завист и суета, суета и завист сѐ е бесценет камен, а број свет и сила равенката меѓу нив се припикнува како вода меѓу шуплинките во карпата како зрак во мрачна капела бели точки на црна површина поделена на две: еднооко човече дворог Пан троока нимфа четириаголен круг пирамидална петка црно на црно расфрлан, разигран Ум на Светлоста Умна светлост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)