писка (ж.)

– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги задржа, ги излачи во Управата на Задругата, сите оние, што можеа само да играат по неговата писка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прашуваше дали стои обесена на башлакот каде што ја остави да се чува, дали ја подмачкуваат со тревката ноктец за да не ја нагризат молци, дали писката и брмчалото го подмачкуваат со масло за да не се исушат и да испукаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Запева продорно, како во грлото да има голтнато писка, па зурлаџијата се обѕрнува да види кој ли му конкурира.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)