писменце ср.

писменце (ср.)

ЛУКОВ: (Строго.) Ништо. (Зема хартија и почнува да пишува писменце.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Уплашен, збунет, тажен, го зема писменцето и тешко, бавно, трга кон излезната врата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од кавалчето испадна малото писменце. Тој го зеде писмото и го скри во џебот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го стави писменцето в џеб, се сврте, па како со остен да го боцка некој, протрча покрај колибата, и продолжи да трча по патот, сѐ по свежите траги останати од тркалата на џипот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
После ќе дојде писменце за тој што колел: тој и тој да го стемне, да не го раздени. И не ќе го раздени. 31
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еве го, го најдов, вели, и ми го подава писменцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го дочита писменцето Неделко Сивески, го свитка и ни го даде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И го пуштам писменцето по вагоните, си оди од рака на рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе не му верувам на писменцето што ми беше дофрлено: „Дадовме дваесет златници за твојот живот“. Потпис: трилисна детелина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Како тоа?! - се изненади таа. - Па едноставно. Едната ми пиша писменце во кое ми соопшти дека ме сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На масата ме чекаше вообичаено писменце, како што секогаш правиме кога некој ќе излезе, а претходно не го соопштил тоа: „Ние, со татко ти, отидовме во Драмски, а потоа најверојатно ќе седнеме кај Крап во кафеаната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Негов идеал беше да го пречека гостинот и да му подари фотографија со трн, а за возврат да добие нешто во вид на писменце, предмет, порака, мисла, потпис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По неколку минути во дворот влезе Васе со писменце во раката, гледајќи ја Томаица молкум.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше момокот Васе, со мало писменце кое таа го грабна, се затвори во собата и најбрзо што можеше го отвори. За малку не го искина од возбуда.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И кога од боиштата добивале писменца со лоши вести, тогаш престанувале да се плашат од рицинусот, од камшикот, од сувиот остров на Егејот; пуштале писоци и лелеци на свој јазик зашто само така најдлабоко, најболно, најпотресно, за олеснување на болката и за долг спомен на покојниот, ја искажувале својата болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е токму во тие денови некој донесе писменце од тате во кое тој пишуваше дека е ослободен од логор во еден остров на море, бидејќи се јавил како доброволец и дека верува оти додека стигни писмото дома, тој цврсто ќе ги бие Италијанците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А мој човек во истиот вод ми рече дека некои кога треба да одат на стража, се прават болни и тој, мојот човек ми го даде и ова писменце. Еве што пишува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи