пијалак м.

пијалак (м.)

„Бесмислен вкус.“ „Што тоа? “ праша. „Ликеров. Со таков пијалок не се враќа славата на Цезар. Чао.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Наоколу поредени маси. Многу маси... Море од шишиња со разни пијалаци; кристални посуди со јужно овошје, торти, чоколади...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Би можел пијалокот и со труд да го плати, но за тоа, презафатен, не смогнува да се сети...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Лежеше крај Грдан со отворена уста од која му излегуваше пијалокот од кој беше препиен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бегаше почесто в град, купуваше пијалоци сѐ додека не го фати маларијата; идеше лекар од компанијата, го лечеше, но ништо не помагаше; Анастас сѐ повеќе и повеќе пропаѓаше...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Море, што повеќе нека има...” дофрлуваше кафеџијата Јандро не можејќи да престаса со пијалокот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пишуваше дека во неа навраќал во свое време Балзак и дека, кога доаѓал овде, го пиел тој и тој пијалок а сега кафеаната постојано ја посетувал Жан Пол Сартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во „Магот“ ми остави особен впечаток убаво отпечатената книга на јадењата и пијалоците, во која беше опишана историјата на кафеаната.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веста бргу се рашири, дојдоа од градот, од власта, се собираа луѓе и од други села и веселбата сѐ повеќе и повеќе се зголемуваше: се пиеше, се јадеше, се колеа јагниња, прасиња, се влечкаа бинлаци со пијалок од куќите, се тркалаа бочви со вино по сокаците; ечеа свирки и песни, клокотеше селото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нарачав од најубавите и најскапите пијалоци за пиење. Исто така и најскапи јадења. Пиевме и јадевме колку што можевме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можеби е од оние проколнатите што сме ги гледале по филмовите, можеби во неа скапува телото на некој убиен човек, или пак се крие некој страшен убиец, а можеби ноќе, таму, некакви вештерки подготвуваат отровни пијалаци за маѓепсување на децата?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш прв пат имав прилика да вкусам од тој пијалак што дедо го нарекуваше со смешно име - газоза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Виното е деликатна работа... - рече отец Серафим, - племенит пијалок, ама најмачен за одгледување...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бара многу работа, многу негување, вајвење како мало дете, штитење од болести, од разни марази... - отпивна отец Иларион и рече: - Тој е првиот пијалок што е јавен на земјата. И првиот лек.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Жена му го криеше пијалокот, но тој одеше по пријатели или во продавницата во селото и пиеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Алкохолните пијалоци главно се состојат од вода и етил алкохол (или етанол) кој се добива со ферментација на овошје, зеленчук и житарици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Продажбата на пијалак на лица на одредена возраст своевремено се разликуваше од држава до држава, но сојузната власт ги примора сите држави да не продаваат алкохол на помлади од дваесет и една година.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа го пречека како што го пречекуваше во сонот: со кафе, со пијалак, со проѕирна наметка на неа, со седнување крај него на каучот, со допирање со голите колена како што го допираше во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи