пламти несв.

пламти (несв.)

От радост лице ѝ пламти.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Во леарниците, каде што се правеа куршуми, постојано пламтеа огнови и од оџаците се креваа јата бели, светли искри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се џариме низ прозорецот од куќата на чичко Лозан, а восхитот ни навира и ни пламти во нас со силина и машкост.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Борбениот повик нѐ вика и пламти во нас со духот на сите предедовци и со дуот на сите оние храбри синови што секојдневно ја пролеваат својата крв по затвори, логори или со пушка в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тоа пламтеше од радост и гордост и со потценување гледаше кон заспаното сино јоргованче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во еден час сета вода и сиот брег почнаа да пламтат, зелено, сино - со глас на човек почна да нѐ довикуваат, да нѐ мамат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
да не испадне нашиот брак реакционерен, велам, ние и така сме прогласени за реакционери, вели Макаровски, и само ги врти граорестите очи покрај стрмниот нос, му потпукнува некое старо пламенче во нив, му пламти, а тој само оди, тумара, поднаведнат од својата височина, оди на едно исто место, а секогаш различно под него,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Здивот му е бел чад; можеш да го видиш како пламти преку мрачните предели.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не можев да им поверувам на ушите; свеста ми се виеше, срцето не ме слушаше, душата ми пламтеше во некаков непознат оган.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК