планинец м.

планинец (м.)

Ја свршивте ли оваа работа, јас ќе ви дадам од моите чифлизи по еден, а кога ќе ги покориме тие сурови планинци, ќе ве направам нивни бегови до жив животи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само едно Мусо ги советуваше кадијата и беговите: да бидат крајно претпазливи, зашто се препредени овие планинци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот стоеше крај оградата, потпрен на еден дирек, висок, убав, вистински планинец, како најубав жив споменик на оваа дивина и убавина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови не­природни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според решението од највисоко место, треба да се трансформираат планинците и селаните, овчарите и земјоделците, во попродуктивни граѓани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тоа фанатично верувал, придобил и други истомисленици, се разбира повеќето од северните републики, па решиле народите од југот да ги претвори од козари, планинци, сточари во цврста, челична, гранитна индустриска работна сила под името – работничка класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)