плапоти несв.

плапоти (несв.)

И кога се насити секој, со децата смеа почна; плапотеше сешто.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Оганот, распален, плапоти; борина — куп под огништето; светелникот веќе го исправиле и куќата ласнала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но времето си ја тераше својата работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И додека тој го сучи пагурчето и молчејќи претура низ главата, легачот поставен сред одајата, шумно плапоти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто дечиштата, колку ќе имаше насечени дрва, толку ставаа во пампурите, за да им плапотат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако не плампоти ламариненото ќумбе, го разгорувам со неколку дрвца и се нурнувам или во учебник или во книга или запишувам по нешто во Дневникот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)