плашица ж.

плашица (ж.)

Но бргу разбира: плашиците им се најсаканите рипки на месните луѓе. Особено во зимските месеци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Брзаше со мрејцата накај езерото, да донесе барем некоја плашица за децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не се здржа ни жената; гледа во норовите како ја притиснале плашицата до колјата и безмилосно ја таманат. Вистинска наезда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ручекот што го приготви Дејко беше богат: имаше секакви риби: пастрмка, крап, јагула, клен, плашици... Приготвени беа на разни начини.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во овие немирни води се криеја безброј невидливи јагули, покрај пастрмката позната како летницата (има неколку видови летници кои само рибарите ги познаваат, како белауста, мајојца, адуница и други), кресница (вид пастрмка), крапотник (најголема езерска пастрмка) белвицата, крапот, плашицата (езерска „сардела”), скобалот, кленот, мрената и мноштво други ситни риби како грунецот, моранецот и шлунецот риби.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мислеше дека си како некоја карпа пред нив, ама, иако се викаат плашици, ич не се плашат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Имаш плашици колку што сакаш. Можеш да ги пипнеш во вода, коментира оној во избледената маица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)