плешка ж.

плешка (ж.)

Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале Денови ли се - денови аргатски маки големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И префлајќи ја војничката торба преку рамо, појде пред него нишајќи се со широките плешки како да се пробива низ сплет од гранки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оловото на старата огњарка ѝ ја проби плешката и излезе кај вратот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И затоа сега гледајќи го јадрото, око, тој се растажи, просто некој невидлив товар му падна на плешки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А јас, ете, на мене раце - пиралки, на син ми плешки - биволите да не се измерат со него, и пак ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Или барем само едно зрно, во плешката, во слабините, онаков заскокан по снегот...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Слушам викање: оф, мајче, куршум ми помина под плешката. Ја испушта пушката, пресвиснува на една пењушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му врвел куршумот и му забиоѓал и срце и џигери и сплинка и бубрези. Сите дробови му ги забидел и му излегол под плешката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оловото на старата огњарка ѝ ја проби плешката и излезе кај вратот. Во тоа свое бегање, волчицата и не го забележа зајакот што и го пресече патот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подзина, се прекрсти во мислите. Господи, без глас шепотеше. Господи, претешко е подбивањето за моиве плешки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со едната плешка лежев врз нечија секира. Немав сили да станам и да се преместам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега со мене лазеа и другите, од зјапнатите усти им висеа зелени јазици: со валчести грпки меѓу плешките, личеа на мали подвижни планини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му рече: „Секоја вечер кога ќе си легнев, заспивав со твоите раце под плешките и рамената во твоите дланки...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Самарот, тие години, му се беше вовлекол под кожата, поточно му беше сраснал со грбот, со плешките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа ладна белина зрачи топлина во моите задишени плешки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК