плима ж.

плима (ж.)

Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одвнатре, од мене, постојано ме заплискува неуморен шум, шум на океан во плима.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Надоаѓањето на плимата во мене се допира со шумот на набрекнатите бранови длабоко долу, од каде се извишува саморитмичното движење на водата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Меѓутоа, беше невозможно сирењето да се замени со круша, плимата со осеката, држалката со секира, мелодрамата со драма, песот и мачката, денот и ноќта, и лебот со путерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Моќна река е Мидвеј... При јаките плими станува дури страотна, надоаѓа во големи вртежи...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нејзиното тело, како плима се слева кон тебе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таму каде што седиш, можеше најинтензивно да ја мирисаш плимата на цутењето: во април, лилавиот и белиот јоргован, во мај, дивиот костен со пирамидалните цветови, дивата маслина и јасминот бел, во јуни, липата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Крал! Кој светот ќе го движи, а на боговите ќе им служи за освојување на истиот... та преку него ќе ги допрат плимите на далечните мориња!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Музиката потоа се прошири како бескрајна плима низ собите, постојано различна, постојано чудесна, со сите плочи и касети што тој секојдневно ги купуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Долу, до под самите наши нозе, удираа малите бранчиња на езерото, тивката плима и осека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
При зајдисонце и топла плима природен прелив со океан, медовина и сотки.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града.  Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ништо нема, ниту плима, ниту осека. Само празнина и мрачнина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Јас не можам да прочитам, во плимата од твоите мисли со широк опсег на творечка фантазија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мирис на леб народски кој се пече, најава на пред жетва жито, кон непознати тајни зелени и непрегледни кој со мирис како плима влече.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)