побратим (м.)

ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Море, побратиме!... И првата тежи и последната тежи!... Разделба е разделба!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не мисли на лошо, побратиме. Ништо не е тоа. Ќе помине!... (Излегува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
— Море, кажете си го алот побратиме, та ваа се виде шо се виде! Co м'чење нишчо не бидуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си правиме лав и со побратимот Ристета овде, па тој ти бил и нешчо свое, и велиме оти не правиш лошо ако кандисаш да дојдиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море ми, добровечер, побратиме! (макар да не е уште ни пладнина!).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Двајцата побратими задоволно се смешкаа, пушеа и пиеја кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со бројаници в раце, станат на нозе, го пречека својот побратим Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Бошко Манев излезе на порта со својот побратим Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бродот му го однесе побратимот и кавалот - сè што имаше овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Побратими... Заедно, во ист ден се оженија за двете сакани моми од селото...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Изрипа рането Јаким и ги стегна силно градите, ги задржа солзите - сакаше да го гледа во далечината бродот, што пореше со Божина милиот побратим, со кого ергенуваше и во рани зори ги будеше со својот писан кавал заспаните родни планини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во таа разоденост и во тој сѐ поблизок и сѐ посрдечен разговор со својот побратим напред тој и не забележа кога ги помина трите огромни долини, што ги знаеше и како се префрлува постојано од една во друга шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А беше сигурен дека исто така како него пред да се засолне зад чамот се чувствуваше и неговиот побратим кога го нишанеше на најблиското растојание и кога не го погоди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тие сега веќе беа побратими со смешување на крвта; тоа го носеше она неговото зрно во прекрасно скованото грамадно тело на неговиот прогонуван роднина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Море, ево ме, побратиме, на гости кај вас со Јована, токо ајде сега... кажувај!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Арно велиш, побратиме. И така на нас овде гледаат како на бела чавка. — Го потврди Јован Толевиот предлог.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дојду пак со побратимот, да си го видиме касметот — одговори Толе и ја погледа од глава до пети. — Ти шо правиш, како a помина зимата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Нека ни е со среќа, побратими, братучеди и браќа. По манастирите се колнеме, овде се крадеме. Ашколсун, навистина.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каква кражба, побратиме? - Од четирите пресечени прсти на Турчинот, ајљазу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе