поврвнина ж.

поврвнина (ж.)

По мирната видна поврнина, извртени на грб, се белееја многу риби, замелушени од експлозијата. – Гледаш ли? – гордо рече Беличот, кога почнаа да ги берат рибите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Птица устремена. Стрвнина. Исправен нор со закана .. Глуне езерска поврвнина, модра од тага, исплакана.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, полека, во тие непрекинати разговори во вечерите, пред Змејка почна да открива еден сосема нов свет, што за сето време дотогаш му останувал скриен под самата поврвнина на сето она, што тој го знаеше како неменливо и како од бога дадено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На тесната поврвнина од ѕидот се црнееше стаклото со едво скршено окно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Подбивниот, избрчкан глас на Сириецот грубо го влече кон студената пареа на крајбрежјето, скоро со болка ја сече мирната поврвнина на идеализираната визија: - Оној што го имаше каменот пред мене ја матеше мудроста со безумност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Летото некако полека изминуваше, во стопанството сите поврвнини со житарици одамна беа голи, суви и жедни, доматите сѐ помалку и помалку имаа црвени топки, листот на пиперките подгоруваше, денот иако намален, пламенот на сонцето сѐ посилно гореше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Царски е патот на змиите: ја сечат отмено поврвнината на брановите, легнуваат по карпите тивко, како сонце на залез се лизнуваат меѓу нозе очи в очи се судираат, исчезнуваат без страст, без отров секогаш совест од којашто извираат водите, се ведат змејчињата за да се одржи невидливата рамнотежа - услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ете, така се сторило Езерото. Некогаш мазно како тепсија, ниту бранче да ја намрешка поврвнината, некогаш крева далги, лути далги...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК